Штрајкот на учителите во Полска денеска влезе во втората недела, а Владата им порача дека нема пари за нивните барања.
Учителите бараат зголемување на платите за 30 отсто, но Владата им нуди зголемување од 15 проценти.
Нема пари за зголемувања на платите во буџетот за 2019 година, изјави министерката за образование Ана Залевска.
Претседателот на главниот синдикат на учители ЗНП Славомир Брониарц изјави дека тоа е неприфатливо и бараат итни преговори со Владата.
Тоа е прв штрајк од таков вид во Полска од 1993 година.