Помилуван белорускиот опозиционер Протасевич

Опозицискиот белоруски новинар Роман Протасевич, кој на почетокот од мaj беше осуден на осум години затвор, помилуван е во понделникот белоруската службена новинска агенција БелТА.

Протасевич беше осуден на осум години затвор за злосторства како поттикнување тероризам, организирање масовни немири и клеветење на белорускиот претседател Александр Лукашенко. Заедно со уште двајца осомничени, на кои им се судеше во отсуство, Протасевич беше обвинет дека извршил најмалку 1.586 кривични дела.

Обвиненијата во тоа време вклучуваа организирање масовни немири, подготвување дела кои грубо го нарушуваат јавниот ред, повикување на санкции против Белорусија, создавање или водење на екстремистичка група и заговор за преземање на власта.

Во јуни 2021 година Протасевич имаше покајничко интервју за телевизискиот канал ОНТ, во кое ги објаснуваше своите политички активности и во камерите кажа дека го почитеува Лукашенко. Тогаш западните дипломати се сомневаа во веродостојноста на интервјуто и оценија дека тоа е дадено под присила и закана.

Еден од основачите на опозицискиот информативен телеграм-каналот NEXTA, кој во Белорусија е прогласен за екстремиситичи, Роман Протасевич, кој беше притворен по принудното призмјувањето на авионот на „Ryanair“ во Минск во мај 2021 година, еден месец подоцна се изјасни за виновен за органиризање и подготовка на протестите во 2020 година против реизборот на претседателот Александр Лукашенко, за кого притоа изјавил дека го почитува.

Протасевич во текот на истрагата пред две години потврдил дека бил дел од протестите во Белорусија, но дека планирале да го пренесат ресурсот на „руска агенда“. Во тој контекст, Протасевич потврдил дека во 2014 година бил во зоната на конфликтот во источна Украина каде минал месец ипол, но негирал дека пристапил на злогласната паравоена формација батаљонот „Азов“ на украинските екстремни националисти, чии борци своевремено се бореа и на чеченската страна во руската војна во Чеченија. Но проруските сили во Донбас тврдат дека од летото 2014 до 2015-та Протасевич бил заменик командант на ударната група на батаљонот.

Основачите на опозицискиот ресурс Nexta, Роман Протасович и Степан Путило во Белорусија се обвинети за делата „организирање масовни безредија“ за кое им се заканува казна до 15 години затвор, како и за „организација на групни дејствија кои грубо го нарушуваат јавниот ред“ за што се пропишани до три години затвор. Покрај тоа, беше покрената и кривична постапка за изведување „намерни активности насочени кон поттикнување социјална нетрпеливост врз основа на професионална припадност“, за што се одредени казни до 12 години затвор.

Ресурстот Nexta повикуваше на протести и ги координираше, а кои започнаа по претседателските избори во Белорусија во август минатата година кои беа најмасовните откако пред речиси три децении на власт дојде Алескандр Лукашенко, и траеја во следните шест месеци. Белоруските власти го сметаат овој ресурс за „екстремистички“, а самиот Протасович го ставија на листата лица повразни со тероризам и по него распишаа потерница.

Протасевич беше приведен на 23-ти мај 2021 година, кога авионот на ирската нискобуџетна воздухопловна компанија „Ryanair“ на летот од Атина за Вилнус, беше принудно приземјен на аеродромот во Минск, по наводна дојава за подметнат експлозив, што подоцна не беше потврдено. При проверката на патниците, приведени беа Роман Протасевич, по кого белоруските власти имаа распишано потерница, и неговата партнерка руската државјанка Софија Сапега.

Протасевич од 2019 година се наоѓаше во егзил во Полска. Тој во Атина тогап бил дел од делегацијата предводена од белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановска, која присуствуваше на Делфи форумот во грчката престолнина.