Поминал на црвено и прегазил девојче во Влае,  го влечел 20 метри

Девојче било прегазено доцна поплане на крстосницата помеѓу населбата Влае и Хром, од патничко моторно возило „југо“. Според очевидци, возачот на автомобилот поминал на црвено светло, го удрил девојчето и го влечел 20 метри.

Очевидците тврдат дека ударот бил на пешачки премин, а автомобилот едвај застанал. Работите од прегазеното девојче, кои ги носела со себе, биле разлетни на сите страни.

Според неофицијални информации, девојчето е во Клиничкиот центар во Скопје и е во добра здравствена состојба.