Поголема количина на угинати риби била пронајдена вчера во водите на реката Брегалница во Делчево, информираше МВР.
На 25.07.2018 година околу 8 часот било пријавено дека во Делчево, во водите на реката Брегалница на место викано Долен мост, бил забележан помор на поголема количина риби. Од страна на полициски службеници во содејство со инспектор од Министерство за шумарство, земјоделство и водостопанство и ветеринарен инспектор било излезено на местото на настанот, по што била извршена крим техничка обработка. Од повеќе места долж течението на реката биле земени неколку килограми риби, кои ќе бидат доставени на Институтот за сточарство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ за вештачење, велат од МВР.