Помпео го поздрави ратификувањето на протоколот за членство во НАТО

e

САД со нетрпение очекуваат кога Македонија ќе се приклучи на НАТО, се истакнува во изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео од средата

„Силнио ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница“, изјавил државниот секретар Помпео.

Усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на Северна Македонија кон членство во НАТО, се вели во изјавата на државниот секретар на САД Мајк Помпео, објави Стејт департментот.

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на државниот секретар Помпео.

Одобрувањето на Сенатот (на американскиот Конгрес) на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО ја потенцира посветеноста на САД за трансатлантската безбедност и е важен чекор напред, се вели во текстот и се додава дека „Ние (САД) силно ја поддржуваме континуираната интеграција на Северна Македонија во трансатлантската заедница“.

„Гласањето ја потврдува заложбата на оваа земја кон демократските принципи, владеењето на правото, мирот и стабилноста во регионот. Со нетрпение очекуваме да ја поздравиме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО“, рекол помпео.

Американскиот Сенат во вторникот го усвои протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, кога 91 сенатор се изјасни о прилог на документот, а двајца беа против.