Помпео на Израел му ја гарантира поддршката од САД по повлекувањето од Сирија

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече американските единици од Сирија апсолутно не ја менуваат американската поддршка за Израел, изјави во вторникот американскиот државен секретар Мајк Помео и повтори дека за Вашингтон од извонредна важност е стабилноста на Блискиот исток.

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео ова лично му го гарантирал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во текот на средбата пред положувањето на свечената обврска на новиот ултрадесен бразилски претседател Жаир Болсонаро, на која присустваа и двајцата.

„Одлуката којашто претседателот ја донесе за Сирија апсолутно не го менува фактот дека оваа администрација стои крај Израел. Борбата против џихадистичката група Исламска држава, како и нашиот ангажман со цел стабилноста на Блискиот исток и заштитата на Израел, се исти како и пред оваа одлука“, истакна Помпео пред новинарите пред средбата со Нетанјаху.

Фактот дека оваа тема беше приоритет на средбата меѓу Помпео и Нетанјаху, покажува колку оваа одлука за повлекувањето на американски сили предизвикува стеравувања во регионот.

„Имаме многу теми за разговор, за поинтензивната соработа меѓу Израел и САД и за прашањата поврзани со американската одлука за Сирија“, рече за новинарите израелскиот премиер.Смета дека средбата во Бразилија е насочена на „интензивирање на соработката во Сирија и на други места, за да се блокира иранската агресија на Блискиот исток“.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна најави дека ќе го исполни своето навестување од предизборната кампања за повелкување на околу 2.500 американски војнции од северот на Сирија, по што беше најавено дека министерот за одбрана Џим Матис ќе биде сменет кон крајот на февруари, но тој веднаш во јавноста објави писмо со оставка во кое наведува дека не се согласувал со оваа одлука.