Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави на Twitter дека Соединетите држави го поддржуваат правото на Саудиска Арабија „на одбрана“, како и дека однесувањето на Иран „нема да биде толерирано“.
Помпeо ова го објави на својот официјален акаунт на микроблогот во четвртокот по состанокот со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.
Помпеo ги осуди нападите и го поддржа повикот на Саудиска Арабија меѓународни експерти да дојдат во земјата за натамошно истражување, наведе саудиската државна новинска агенција SPA во одвоен извештај за средбата во Ријад.
На средбата принцот Мохамед истакнал дека нападите врз двете најголеми нафтени постројки на државната компанија „Saudi Aramco“ имаат цел да го ја дестабилизираат безбедноста на регионот на Блискиот регион, како и да нанесат штета на глобалното население со енергија и на економијата, известува SPA.