Во Нетпрес денеска готивиме вкусна чорба од грашок со свинско месо, а за десерт подготвуваме овошен пудинг колач.
Потребни состојки
500 гр свинско месо
1 големо пакување грашок
1 поголем кромид
1 поголем домат
2 пиперки
2 моркови
2 литри вода
Подготовка
Испрежете го кромидот на масло, кога ќе омекне додајте го веќе исечканото на коцки свинско месо и пржете додека месото не се зацрвени. Потоа додајте ги исчеканите моркови, пиперки и доматот. Може и домашен ѓувеч. Гответе едно десетина минути потоа додајте зачини и ловоров лист.
Овошен пудинг колач
Потребни состојки
5 јајца
3 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за пециво
За филот
400 гр овошје (јагоди, висни, капини, малини, јаболка …_
250 гр шеќер
300 мл вода
2 кесички пудинг од ванила
300 мл вода
2 кесички шлаг пена
Подготовка
Се мати пандишпан – пет белки се матат во цврст снег и се додаваат кон изматените жолчки со шеќерот и пецивото и се пече во подлабок плех бр 32.
400 гр овошје се ставаат да зовријат со 300 мл вода и шеќер. Пудинзите се матат со другите 300 мл вода и се додаваат кон зовриеното овошје, се вари крем и млак се истура врз тестото во плегот.
Најгоре се матат два шлага и се декорира по желба.
Пријатен апетит!