
Хрватски суд поништил пресуда против поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, и наредил преразгледување на дело против него, во кое тој е обвинет за корупција, јавува „Ројтерс“, пренесува Нетпрес.
Поништена е пресуда за Санадер во која тој е прогласен за виновен земање поткуп од унгарската нафтена компанија МОЛ, во замена за добивање на конторлен пакет акции во хрватската нафтена компанија ИНА.
Бившиот хрватски премиер ја обжалил пресудата.
– Судот ја прифати жалбата и ја поништи пресудата, било објавено на интернет страницата на судот. Како образложение за ваквиот чекор биле наведени процедурални грешки.
Целиот процес ќе биде вратен на преразгледување во загрепскиот суд.