Во денешната емисија „Клан Дебата“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека пописот што го планираше Зоран Заев и неговата Влада не е статистичка операција, туку еден вид политички договор.
– Околу пописот нашиот став е јасен, тоа треба да е статистичка операција која што треба со бројки да даде одговор каде оваа држава води и како да се развива“, појасни Мицкоски.
Тој додаде дека ваков каков што е пописот што го планира Заев, не наликува на статистичка операција туку претставува политички договор.
„Ние исклучиво сакаме да бидат почитувани препораките на Евростат“, нагласи Мицкоски.