Република Македонија е единствена земја најверојатно во светот којашто од контроверзниот вонреден попис на населението во 1994-та – откако албанските политичари од тој период повикаа на бојкот на редовниот во 1991 година – којашто нема целосна слика за демографските движења, а уште помалку, пак ,колкав е бројот на граѓаните од сите етнички заедници.
Ова од своја страна се одразува во употребата на јазиците на помалите етнички заедници во регионалната поделеност на земјата, и секако врз соодносот меѓу мнозинската македонска заедница и најголемата малцинска албанска заедница, што всушност е и прочина за политичките барања изминатите години, а секако и во иднина.
Меѓутоа, сега во периодот на бурни политички случувања во земјата, можеби се’ уште само како пробен балон – имајќи ја предвид изјавата за медиумите на портпролот на владејачката СДСМ, Костадин Костадинов, дека „Најлогично е според мене, да биде содржана графата со прашањата за етничка и верска припадност“ – се најавува пописот во 2020 година кој би бил спроведен без клучната графа за етничка припадност, којашто никогаш во ниеден пописен циклус досега не била исклучена. Со тоа, пак, Македонците никаде нема да бидат забележани како посебен народ, и тоа во сопствената држава. А апсурдот да биде поголем, барем како што убедуваат потписниците на договорот со Грција според кој и покрај промената на името на земјата биле сочувани националниот идентитет и јазикот, по 2020-та би имале ситуација кога ќе има граѓани коишто го зборуваат македонскиот јазик ама нема да има Македонци.
Од друга страна, пак, од коалицискиот партнер во власта ДУИ, велат дека „Пописот во Македонија не е само статистичка, туку и политичка операција, затоа што во согласност со Охридскиот рамковен договор правата на заедниците се определуваат со проценти и токму поради чувствителноста на темата, треба да се биде внимателен кон целата операција. … Прв предуслов за успешен попис би бил реформирање на Заводот за статистика за да се има доверба во целиот процес, како и определување на операцијата како чисто статистичка, а не политичка. Сметам дека во согласност со политиките на Владата може да успееме да спроведеме попис којшто би бил прифатлив за сите страни, како дома така и надвор”, изјави Артан Груби од ДУИ.
Во петте пописни циклуси во историјата на Македонија ниту еднаш не била исклучена етничката припадност. Тоа го потврди и за ТВ Алфа поранешниот директор на Заводот за статистика, Дончо Герсимовски. Но додаде дека сега на потег се институциите, и оти доколку не се следат препораките дадени уште пред три години, нема да се добијат релевантни податоци за состојбата по повеќе основи. Герасимовски објаснуваше дека податоците за етно-културните карактеристики спаѓаат во „споредни белези“ и не се обврска и задолжение за секоја држава. Овие податоци постојано се собирале, но секогаш биле цел на партиско-политички влијанија, истакнува Герасимовски.
„Етничкото прашање може да се изостави. Доволно ќе може да се извлечат одредени состојби врз основа на мајчиниот јазик или тој што се говори во домаќинствата, за да се најдат решенија. Решенија за етничкото прашање или кои националност живеат во земјава може да се најдат преку други институции, преку регистри кои во иднина треба да ги има постојано. Ако сакаме да градиме општество за сите, граѓанско општество, тогаш треба овие прашања да се изолираат и да не доведуваат до одредени проблеми”, изајви Герасимовски, според кого исклучувањето на овие прашања не значи бришење на нацијата и слични појави.
Целта на Предлог-законот за попис е да се избегнат прашања кои се чувствителни и лични, а од друга страна немаат употребна вредност освен политичка, соопштија од Заводот за статистика. Во содржината на пописните прашања, меѓу другите, остануваат тие за мајчиниот јазик на секој граѓанин и за јазикот што се зборува во семејството, беше дополнето од заводотсе.
„Секој елементарно образован човек знае дека јазикот е една од суштинските одлики/карактеристики на секоја нација. Оттука, бесмислено и неуко е тврдењето дека во пописот на населението, кој треба да се одржи во 2020 година, не ќе постои графа за национална припадност (тоа било, тврдат, небитно), но ќе имало графа за јазикот со кој некој говори. Така, се доаѓа до бесмислената теза според која постои одреден јазик, меѓутоа не и нација која говори на тој јазик“, реагира на ваквите изјави професорот Љубомир Цуциловски. За кого е јасно оти станува и за апсурдно пршање бидејќи нема да се знае од една страна природниот прираст на Македонците, а од друга страна и застрашувачко, бидејќи веројатно е да се претпостави дека тоа може да случи во Бугарија или Грција, а во Албанија, пак, веќе одамна се работи македонското малцинство да се прикаже како бугарско.
Прашњето коешто неизоставно тука се поставува е што е целта на ваквиот предлог-закон за пописот на населението коешто неизбежно покрај промената на името на државата Република Македонија, и со соседските договори ќе доведе и до бришење на историјата на македонскиот народ, и негово поништување како нација и носител на сувереноста на земјата.
Затоа најверојатно неопходно е да се навратиме на периодот на лансирањето на ткн Тиранската платформа која доведе до институционална криза, блокада за формирањето влада, неизбор на претседател на Собрание, парализирање на локалните самоуправи низ земјата и одреден степен на тензија, особено меѓу македонските политички субјекти и кон нив приврзаните граѓани. Освен редефинирњето на државата од мултиетничка во бинационална, многу јасно и е тоа зашто оваа платформа не беше изнесена пред изборите, особено од албанските партии туку на мала врата ја промовираше сегашниот премиер Зоран Заев, дојде по сознавањето на изборните резултати, во периодот кога требаше да се разговара за формирањето влада. Многу јасно е дека таа беше насочена против резултатот кој го постигна ВМРО-ДПМНЕ, односно тесната победа на оваа партија.
Иако очигледно планерите на стратегијата за остварувањето на редефинирњето на земјата беа убедени дека предизвиканиот гнев од „бомбите“ и, подарената или купената, поддршка од албански гласачи за СДСМ, ќе му овозможи на Заев изборна победа и добивање мандат без многу тензии. Сепак, се случи ВМРО-ДПМНЕ повторно да освои најмногу мандати во парламентот, а најголемата и истовремено изненадена жртва на овој изборен инженеринг беше Али Ахмети чијашто ДУИ остана со преполовен број пратеници. Се чини, од оваа вреемнска дистанца, дека Ахмети и неговите најблиски соработници, воопшто и не биле запознаени со стратегијата на планерите за новиот лик на Македонија, или таканаречениот „чадор“. Зашто, бездруго ќе остане запаметено дека предизборната стратегија којашто ја започна Заев атакувајќи врз албанските гласови, во ДУИ беше пречекана како преуранета можност. Партијата од тетовска Мала Речица, очигледно тогаш не беше уште свесна за димензиите на, еве да го наречеме и планот, иако повеќе може да се карактеризира како заговор,
Во преговорите за формирање на нова влада, во кои се бараше албанскиот јазик да добие статус на официјален, со учество на албанските партии да се реши спорот за името со Грција како услов за интеграции во Европската унија и НАТО, и редица други барања, меѓу кои и осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“, и со посебен акцент на „интегрираното управување“ со границите со Албанија и Косово. И доколку некој во ова немаше капацитет да препознае обид за директна федерализација на Македонија и „мека“ форма на воспоставување јасно сеалбанско влијание на просторот меѓу другите три соседни држави на земјата, сегашните најави за начинот на кој ќе се изведе пописот во 2020-та година, многу транспарентно го докажува ваквото мислење.
Бидејќи споменатата статистичка опаерација, којашто е продолжение на проект кој трае од негласањето на референдумот за независноста на Македонија, преку фалсификувањето и одбивањето да се направи веродостоен попис на населението, насилното наметнување на Рамковниот договор и новата територијална поделба, претставува продолжение на редефинирањето на државата, во крајна линија и според етнички принцип и на штета на најбројната заедница, која дефитивно со ова треба да ја загуби сувереноста на единственото парче земја којашто му преостана.