Во објава на својот Фејсбук профил, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба. Во објавата Стефковски напиша:
-Со жалење сакам да ја информирам јавноста дека пред 10 минути во општинските основни училишта „25 Мај“, „Дане Крапчев“, „Григор Прличев“, „Кирил и Методиј“ и „Крсте Мисирков“ се пристигнати дојави за поставени бомби. Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно.
Пријавено е во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.
Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави, напиша Стефковски.