Лицата кои со договор на дело биле вработени во јавното претпријатите „Комунална хигиена“ на Град Скопје и на кој не им е продолжен договорот, биле повикани од одговорните со ветување дека доколку гласаат на престојниот референдум и го поддржат договорот со Грција, веднаш ќе бидат вратени на работа, пишува во петокот порталот Курир.мк повикувајќи се на сведоштва.
Како дополнитело ветување им било дадено дека доколку успее референдумот тие ќе бидат трајно вработени.
Станува збор, како што пишува Курир.мк, за неколкумина претходно ангажирани од општината Шуто Оризари, но има такви и од други општини од Град Скопје.
Ваквите информации биле негирани од страна на менаџменот во „Комунална хигиена“, но сведоштвата говорат сосема друго.
Се поставува дилемата дали власта планира фер и демократски референдум или ќе има реприза на нерегуларностите забележани на претходните изборни циклуси.