![p](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/p3.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Најмалку едно лице загина вчера при лизгање на земјиште во Италија, а еден е сериозно повреден. Многу области во северниот дел на земјата се поплавени поради поројните дождови, што не запираат во изминатите неколку дена.
Според италијанските медиуми маж на 70-годишна возраст е првата жртва на невремето. Тој загинал во близина на својот дом.
Поројните дождови не запираат изминатата недела во областите Пиемонте, Тоскана, Лигурија, Ломбардија и Емилија Ромања. Невремето предизвика голем број поплави, уништувајќи овоштарници и лозја.