Југот и југозападот на Германија, како и големи делови од Австрија, ноќта кон вторникот ги погоди силно невреме со обилни врнежи кои предизвикаа многу излевање на реките и потоците од коритата, како и застои во сообраќајот поради гранки и стебла на коловозите и железничките пруги.
Во германската сојузна земја Сар делумно е затворен автопатот низ Сарбрикен, додека во Трир во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц поплавен е центарот на градот.
Реката Мосел, чиј водстој е еден метар под критичното ниво, се заканува со поплави во познатиот истоимен вински регион.
На автопатот А8 крај Улм се случиле низа соорбаќајни инциденти поради гранки од дрвја паднати на коловозот, а во Баварија орканскиот ветер предизвикал застој во железничкиот сообраќај,
Во Австрија повеќе од 11.000 домаќинства останале без електрична енергија поради оштетените високонапонски далноводи. Многу сообраќајници, особено во пограничните области кон Германија, се затворени поради излевање на потоците и реките.