Поплави во Хрватска: Се излеаја реки, се евакуира населението

Постојаните врнежи од дожд ја поплавија Хрватска.

Засега најкритично е во градот Обровац, кој е под вода откако заштитниот ѕид не успеа да задржи најдојдената река Зрмања, како и во општина Грачац во која се излеа реката Отуча, предизвикувајќи одрони и отежнат сообраќајот на повеќе патишта. Поради навлезената вода во куќите пожарникари и спасувачки екипи синоќа пред полноќ со чамци евакуирале четири семејства.

„А што можеме да кажеме, не можеме ништо.. Ви дојде ли водата до куќата? – Да веќе ни надојде во претсобјето. Првиот кат е веќе поплавен, што да кажам повеќе, што можеме“.

„Ова е невидено, 20 години живеам тука, никогаш до сега не мми било вака. Дали браната попушти, што ли се случи, но страшно е… Само нека престане, да не врне повеќе , па Боже мој“.

Реката Отуча во областа Грачац етапно се враќа во своето корито. За сега не е прогласена елементарна непогода. Но состојбата и понатаму останува сериозна во Градот Обровац, кој од синоќа е без струја.. Аларм за излевање на реката Сава е вклучен во Загреб, каде од водостопанство најавија дека во среда се можни нови излевања но до подрачјето на насипот.

Според последните најави од УХМР наредните денови и кај нас се можни засилени врнежи, со акцент на западниот дел од државата. Директорот на ЦУК потенцира дека иако поголем дел од примарните и секундарни одводни канали се исчистени при поројни дождови проблем има кај терциерните канали кои според Ангелов се делумно запоставени.

Поради поројните дождови и кога во регионот има непогоди апел до институциите да ги исчистат акумулациите кои и сега делумно се исполнети, но и граѓаните да не фрлаат отпад во локалните канализациони мрежи.