Попоски доби потврда од Венизелос за посетата во земјата

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, синоќа присуствуваше на работната вечера што високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон и шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Унијата го одржа со министрите од државите-кандидати за членство во ЕУ, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

На маргините на вчерашниот состанок  минисерот Попоски остварил средба со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос кој потврдил дека идниот четврток ќе дојде во работна посета во Скопје, како и со неговиот бугарски колега Кристијан Вигенин со кого се договориле заеднички да инсистираат Европската комисија финансиски да помогне при поврзувањето на Коридорот 8.

И покрај престојните избори на Европскиот парламент и евроскептицизмот на одредени партии, Попоски истакна дека на вчерашниот состанок останала главната порака  дека ЕУ останува на ветувањето сите земји од Балканскиот полуостров  се преодредени за членство.

„ Разговаравме и за значењето на овој процес да добие определена динамика, т.е. да не се успори, особено за време на Грчкото претседателство со ЕУ… . Пораките се дека и покрај тоа што не фигурира како приоритет, проширувањето останува определна заложба за нивната акција оти во 2003 година, истата земја кога претседаваше со ЕУ, се има заложено да остане ветувањето дека сите балкански земји ќе бидат дел од ЕУ…“, изјави Пописки.

 

Инаку според шефот на македонската дипломатија, главни теми на вечерата биле случувањата во Босна и Херцеговина и Источното и Јужното партнерство, односно  стравувањата дека социјалните немири предизвикани од економскиот фактор можат лесно да прераснат во етнички судири. Во тој контекст биле споделни мислењата дека во рамките ЕУ потребни се повеке превентивни ангажмани, односно ангажиарање на дипломатијата  за надминување на одредени проблеми и воспоставување на поефикасна комуникација.