
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски денеска оствари средба со граѓани во Тетово. Тој го посети Здружението на слепи, Здружението на глуви и Здружението на Воени Инвалиди. На средбите тој ги потенцираше реализираните проекти на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на квалитетот на живот на овие лица.
„Во централни локации низ неколку градови ќе се постават автомати каде што граѓаните врз база на електронска идентификација ќе можат да добијат повеќе услуги и документи од типот на извод од матична книга, имотни листови, документи од Централниот регистар, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Катастарот и другите. Автоматите ќе бидат поврзани преку интернет до оние институции што ги издаваат своите услуги електронски. Граѓаните ќе можат преку платежна картичка да ја платат услугата и дополнителни услуги како вода, струја, телефонија итн. Особено ќе бидат корисни во општини каде што нема подрачна единица од централните институции и граѓаните постојано треба да патуваат до најблиската канцеларија“истакна Попоски.