Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, од денеска до втори февруари ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција.
Минхенската безбедносна конференција претставува еден од водечките форуми посветени на надворешната и безбедносна политика во глобални рамки. На неа се очекува учество на повеќе од 300 политички лидери и експерти, кои ќе расправаат за современите безбедносни предизвици и актуелни теми кои се однесувааат на зачувувањето на мирот и безбедноста на глобално ниво.
Во рамките на конференцијата, Министерот Попоски ќе земе учество и на работниот ручек во организација на Претседателот на конференцијата Волфганг Ишингер, поранешниот сенатор на САД, Сем Нан, поранешниот секретар за одбрана на Обединетото кралство, Дес Браун и поранешниот Руски министер за надворешни работи Игор Иванов, на кој ќе биде презентиран предлог Извештајот за градење на заедничка безбедност во Евроатланскиот регион.