Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ6, Никола Попоски истакна во програмата „Проверено“ за периодот 2014-2018 година посебно внимание ќе се посвети на инфраструктурата.
Тој најави целосна реконструкција на патниот правец од Маврово до Жировница и од Бошков мост до Дебар во вкупна должина од 20 километри како и поставување целосно нов слој на асфалт.
Како што истакна Попоски, средствата за овој проект се веќе обезбедени.