Попоски се сретна со Лавров во Њујорк

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, имаше средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, соопшти денеска македонското МНР.

Билатералните односи меѓу двете земји, продлабочување на руско-македонската економска и трговсака соработка и имплементација на заеднички проекти во енергетскиот систем, биле темите на кои разговарале на средбата Лавров и Попоски.

Министрите за надворешни работи на Русија и на Македонија, како што соопшти руското МНР, размениле мислења и за ситуацијата на Балканот и други актуелни теми од меѓународните односи. На средбата, Поповски го поканил Лавров да ја посети Република Македонија.

Имаме теми за разговор. Мора да го разгледам мојот план-агенда, која е многу набиена и често се менува, рекол Лавров, а Попоски потврдувајќи нагласил дека ќе биде среќен ако го набргу го види во Скопје, пренесува руската агенција ТАСС.