Попоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во патната инфреструктура

Никола Попоски ја продолжи денешната посета на реканскиот крај, каде што оствари средби со граѓаните на селата Јанче, Аџиевци, Присојница, Скудриње и Жировница. Попоски внимателно ги сослуша граѓаните за предизвиците со кои се соочуваат, а тие изразија поддршка за кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за ИЕ 6.

„Во наредниот четиригодишен период, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со инвестиции во патната инфраструктура, а за мавровскиот, реканскиот и дебарскиот крај од големо значење ќе биде рехабилитацијата на регионалниот пат  Ново село – Маврово – Жировница – Дебар, кој што ќе  опфаќа комплетно вадење на стариот асфалт и поставување на нов асфалтен слој, како и поставување на нова сигнализација и нова заштитна ограда. Со овој значен потфат ќе се рехабилитираат вкупно 20 км со широчина од 6,4 метри“ истакна Попоски во Жировница.