ка „треба да бидеме реални во тој поглед”.
– И без оваа политичка тензија што ја имавме дома, определени земји-членки беа во можност да се спротивстават на почеток на преговори уште од 2009 година. Мислам дека нема простор за илузии дека тие земји-членки ќе го променат својот став во услови во кои им е дадена или сервирана причина врз основа на која би можеле да одложат таква одлука. Нашиот фокус треба да е на две работи. Прво, тоа зависи од нас и пораките што од дома ќе ги испратиме, а тоа е во делот на политичкиот дијалог колкав притисок ќе се направи тука во Брисел. Второ, јасно е дека ЕК стои зад својата препорака, односно Република Македонија е во најмала рака исто толку подготвена да води преговори со ЕУ колку што беше во 2009 година, посочи Попоски.