На 6-ти и 7-ми април во 1991 година, токму овде во Прилеп, се одржал првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој е донесена одлуката за создавање на Унијата на млади сили (УМС), изјави Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека „Визијаа за победи“ е стратегија на за младите да го добијат она што го заслужуваат и својата перспектива да ја гледаат во Македонија.
„Унијата на млади сили преставува семејство. Семејство кое е сплотено и решително да продолжи да работи за интересите на татковината, на која ние младите сме и најпотребни со нашата енергија, знаење и мотив за подобра иднинаПочитувани, би сакал да ја искористам оваа можност и да изразам огромна благодарност и почит до сите оние кои поминале низ структурите на Унијата и до сите поранешни претседатели кои со својата посветеност и ангажман кон Унијата успеаа чекор по чекор да ја издигнат во вистинска авангарда на македонската политичка сцена. Овој епитет кој Унијата на млади сили го заслужува и неуморно го докажува преку триесет и едно годишното фунционирање во македонската политика е сосема соодветен, бидејќи Унијата на млади сили покажува вистински карактеристики на еден модерен младински подмладок“, рече Попов.
Оцени дека ситуацијата во којашто денес се наоѓа Македонија ѝ ја „доверува на Унијата на млади сили најтешката задача во своето досегашно тридецениско постоење.
„Катастрофалното владеење на нашиот политички опонент во изминативе пет години, предизвика вистинска серија на порази и дополнително ги забрза сите негативни процеси. Целосната сервилност во надворешната политика, продавањето на националните интереси, криминалните зделки, уништено правосудство се само дел од највидливите проблеми со кои се соочува Македонија. Најголема последица од сите овие проблеми е младинското иселување, кое во изминативе пет години завзема апокалиптични размери“, рече лидерот на УСМ.
Попов истакна дека уште еден „фатален показател“ кој произлегува од последниот пописот во 2002 година до оној во 2021 година, а тоа е дека по две децении има 170.000 млади помалку.
„Во последните 5 години со драстичен пораст на иселувањето на млади. Младите повеќе не остануваат во Македонија, не создаваат семејства и не се развиваат. Татковината Македонија веќе не е дом за своите деца тоа не е нормално. Доколку македонското општество не зачекори во правилна насока, а неправдата остане пракса, во Македонија повеќе ќе нема млади, а со тоа се доведува во прашање и опстанокот на македонската држава“, рече Попов.
Псоочи дека во УСМ водени од таквите сериозни предизвици изминативе две години сериозно се зафатиле со изработка на стратегија насловена „Визија за победи“.
Псоочи дека оваа стратегија изработена од членовите на Унијата на млади сили, а консултирана со голем број на експерти од разни области, е прва од ваков тип, изработена од еден политички подмладок.
„Унијата на млади сили како општествен чинител, почуствува историска одговорност да изработи еден ваков документ, кој согласно со одлуките на последниот 18ти конгрес, нуди придвижување на општествените процеси во насока на градење на здрава средина. Како и обединување на младите со цел конечно ставање на крај на сите негативни трендови. Целта на овој документ е младите да бидат во фокусот на државните институции. Младите да го добијат сето она кое го заслужуваат, а својата перспектива да ја гледаат исклучиво во Македонија“, рече Попов.
Појасни дека „Визијата за Победи“ е наслов кој содветствува со она што им недостига на младите во земјата, а тоа според Попов се „победите ии успесите“, бидејќи младите се веќе уморни од наметнатите порази.
Во Визијата за победи во 13 сегменти, се обработени основните правци по кои институциите треба да постапат за младите во Македонија да зачекорат кон посветла иднина и подобар животен стандард.
Стратегијата „Визија за Победи“ предвидува, институциите во Македонија, конечно да бидат во функција на младите и да преставуваат столб во однос на нивното насочување и изнаоѓање. Исто така младите мораат да бидат дел од институциите, со што активно ќе учествуваат во носењето на одлуките, но и ќе стекнуваат значајни искуства со кои подоцна ќе бидат на висина на задачите и предизвиците.
Визијата за победи екстензивно го обработи и економскиот дел, за кој сметаме дека е главен поттик за младинското иселување, во насока на изнаоѓање работни места, помош од државата при започнување на сопствени бизниси и кариерно пронаоѓање.
Визијата за победи силно се зафати со образовните проблеми. Образованието во Македонија во изминативе години беше предмет на нецелосни и паушални реформи, кој надополнети со здравствената криза, преставуаа и сеуште претставуваат вистински крах. Унијата на млади сили преку Визијата нуди широка општествена дебата со цел подобрување на образавонието, од основно до високо. Целта на оваа дебата е вклучување на сите релеватни чинители и изнаоѓање на најдобриот и најсоодветниот можен систем.
Визијата за победи ги обработува и нуди решенија за проблемите на младите земјоделци, здравствените работници, културните работници, спортистите, информатичарите и сите останати.
Оваа Визија за победи исто така значително е посветена и на општествената декаденција која владее во Македонија. Ваквата декаденција е исклучително штетна по средината во која младите треба да се оформуваат и созреваат. Принципот на неказнивост и невладеењето на правото кај младите остава погрешна перцепција и предизвикува апатичност. Унијата на млади како општествено одговорна младина силно се бори за промена на ваквата ситуација, бидејќи услови во кои младите ќе се оформуваат и созреваат е од голема важност за иднината на Македонија.
„Ве повикувам заедно да застанеме позади ВИЗИЈАТА ЗА ПОБЕДИ и преку политичкиот активизам, кој е најголема придобивка на демократските општества да започнеме со коренити промени. Овие промени се неминовни и тој пат мораме да го изодиме, прашањето е да се биде или не. ЈАС ВЕРУВАМ ВО МЛАДИТЕ И МАКЕДОНИЈА и ВЕРУВАМ дека обединети можеме и ќе успееме да создадеме сигурна ИДНИНА“, рече Попов обраќајќи и им се на младите.
Додаде дека тактиката на владејчката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, која гласи „сите се исти“, е манипулативна и подмолна.
„Наметнување на ваквиот став има за цел да ги одврати младите од политичкиот активизам и преку апатичност тие полесно да може да не пустошат. УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ не била и никогаш нема да биде нем набљудувач на негативните процеси, напротив секогаш кога е најтешко ќе изнајде сила да обедини и сплоти. ДА поведе по патот на Успеси и Победи.
Почитувани млади, ние друга татковина немаме и за нашата Македонија ќе вложиме се и ќе ја направиме Успешна и Победничка, таа ќе биде дом за сите нас и ќе ни нуди се она кое ни е потребно да останеме овде и на идните генерации да им овозможиме уште подобри можности“, заклучи Попов.