Се наоѓаме на местото каде што согласно ветувањето на Петре Шилегов требаше да поминува булеварот Илинден. Токму на ова место во населбата Даме Груев во Ѓорче Петров, Шилегов вети дека ќе изгради надвозник за да ги поврзе Булеварот Илинден со Ул. Шарпланинска и ќе ја продолжи трасата се до обиколницата со клучка во Волково. Овој проект ќе дадеше нова артерија на движење во Ѓорче Петров, а иако имаше готов проект, тој не направи ништо. За жал, најголемиот неработник уште еднаш докажа дека е ноторен лажго и овој проект остана на страниците на програмата “За живот” исто како и ЗИП лајн-от, тунелот и многу други. Петре Шилегов во Ѓорче Петров не направи ништо од тоа што ветуваше. Шилегов во неговата програма помпезно најавуваше решавање на сообраќајниот метеж што се создава на влезот на Скопје, пред мостот кон Сарај, со изградба на голем кружен тек, изјави денеска за медиумите, Ирена Попова, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
– Шилегов во својата програма вети и изградба на нов железнички надвозник во населбата Даме Груев, каде се поврзуваат со правецот Ново село – Никиштани. Спортот и рекреацијата тоа беше омилена тема на Петре Шилегов во предизборието. Конкретно за жителите на Ѓорче Петров, тој вети целосно поврзување на велосипедските патеки по кејот на Вардар и реката Лепенец со останатите во градот. Тој во неговата програма вети дека „левиот кеј ќе добие нови содржини, велосипедски патеки, осветлување, спортски реквизити и друга урбана опрема, а десниот реновиран и ослободен од препреките за велосипедистите, рекреативците и пешаците, посочи таа.
Попова потенцираше дека тој ветуваше нова велосипедска патека што ќе води од реката Вардар, нагоре, по нејзината притока Лепенец и ќе овозможи брз вело-пристап на жителите на населбите Ѓорче Петров, Даме Груев, Ново село, Кисела јабука и Волково.
„Од сето ова, Шилегов не исполни ама баш ништо! Повторно, од Шилегов скопјани и ѓорчепетровци добија само ветувања но сето тоа се сведе само на куп лаги. Затоа Петре Шилегов никогаш повеќе нема да ја добие довербата од граѓаните на Ѓорче Петров“, додаде таа.