Попова: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува еднострана и насилна промена на улиците во Скопје, не поддржува приватни забави на Петре Шилегов

Петре Шилегов е најнеспособниот Градоначалник на Скопје. Наместо работа и реализација на проекти од неговата програма, Шилегов реши да реализира само ефтин ПР, истакна на прес-конференција Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо нови булевари, нови паркови, нов Луна Парк, на Шилегов поважно му беше да смени 100-тина имиња на улици во Скопје.

Скопје во време на владеењето на Шилегов, стана еден од најзагадените градови во светот. Депонии на секој чекор низ општините, ама тоа не е приоритетно, за Шилегов важно беше да се сменат имињата на улиците и булеварите.

Заради нетраспарентната постапка во град Скопје при носење на оваа одлука за промена на имињата на улиците и булеварите, ВМРО-ДПМНЕ бара поништување на одлуката на листата на имиња и целосно вклучување на стручната јавност во процесот.

Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ баравме широка јавна расправа каде што ќе бидат вклучени Институтот за историја, НВО секторот и други релевантни фактори, а не театар каков што организираше самиот Шилегов.

Не поддржуваме еднострана и насилна промена на улиците во Скопје. Не поддржуваме приватни забави на Петре Шилегов.

Заради оваа промена на имиња на голем број на улици и булевари, градот Скопје ќе има големи дополнителни трошоци.

Со ваквиот однос на Шилегов, преку насилно носење на оваа одлука, штета ќе имаат само граѓаните на Град Скопје.

Големи ќе бидат финансиските импликации, преку промени на табли, знаци и протоколи, коишто ќе бидат платени од џебот на граѓаните, како и промени на лична документација на жителите на овие улици, каде што преку талибански процес се обидувате да го промените.

Петре Шилегов ќе остане познат само по потрошените 100.000 евра за новогодишна журка, ливадата на плоштад Македонија, продажбата на Градската куќа, обезличување на Скопје.

Градоначалниче, престанете да се иживувате со граѓаните на Скопје, тие бараат решавање на нивните проблеми, а не промени на имиња на улици, порача Попова.