На овие избори граѓаните направија црта на собирано незадовослтво во последните неколку години, смета Лилјана Поповска, поранешен лидер на партијата ДОМ.
Тука можеме да се вратиме од 2018 година, од промената на уставното име, од многу неуспешни преговори со ЕУ, од разочарувањето што ЕУ иднината е затворена, блокирањето на Македонија и нашето постојано понижување на национален план. Ова е огромно незадволство кое сега е испорачано на овие избори. Практично многу луѓе гласаа за СДСМ бидејќи тие ветуваа могу промени. Мислам дека се покажа и зрелост кај граѓаните. Од една страна ги наградија добрите градоначалници независно од која партија се, а ги казнија оние од кои не беа задоволни. Граѓаните гласаа масовно и за останатите листи кои се составени од автентични борци, рече таа утрово за „Студио 10“.