„Граѓански инспекциски совет е мрежа од граѓански асоцијации за соработка и влијание врз работата на Државниот инспекторат за животна средина. Проблемите со инспекцискиот надзор се многу сериозни, институциите се многу слаби, некаде има само по еден човек, во некои инспекции. Помеѓу загадувачите има секакви, не секогаш институциите си ги вршат обврските, па нечесто има и насилно однесување кога некој инспектор ќе сака да инспекторира некој загадувач. Ова е увидено во овие две ипол години од работата на „Зелен институт“. Правевме истражување со инспекторатите низ целата земја, увидовме дека работава е многу комплексна и ако нема добра координација, нема да има целосен ефект. Затоа сега преку овој Граѓански инспекциски совет сакаме да вршиме надзор на надзорот што го врши инспекторат за животна средина“ – вели Лилјана Поповска – „Зелен институт“ во Студио 10 на ТВ24.