Се надевам дека граѓаните ќе препознаат позитивна енергија во она што го правиме и јас искрено се надевам на позитивно изненадување. Според мене, се’ над 100 илјади гласови ќе биде успех, вели канадидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија, Зоран Поповски во интервју за Нетпрес.
„Десет илјади и шестотини потписи собравме за помалку од два дена. Структурата на тие потписи беше многу шарена, поддршка добив од сите етнички заедници и сето тоа ми дава право да бидам оптимисти иако сме млада политичка партија“, вели Поповски говорејќи за неговите очекување од првиот круг од претседателските избори закажани за 13-ти април.
Во интервјутот Поповски говори и за неговите ставови околу спорот за името, членството во Европската Унија и НАТО, но и за скандалот околу именувањето на основното училиште „Битолски конгрес“ (Конгреси Манастири) како потписник на одлуката за формирање на новото училиште додека тој бил државен советник во Министерството за образование и наука.
Во продолжение може да го погледнете целосното интервју.