11.8 C
Skopje
вторник, октомври 22, 2024

Поради Covid-19 хоспитализиран првиот човек на Комисијата за заразни болести, Караџовски

Хоспитализиран во болница заврши и претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, објавува Алсат-М.

Од Клиниката за заразни болести во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Караџовски, кој е позитивен на Ковид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече на чело на комисијата уште од почетокот на пандемијата.

Клиниката за заразни болести е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација. Но, најновите информации зборуваат и за друга причина.

Поради ковид хоспитализиран претседателот на Комисијата за заразни болести, Караџовски