Поради екстремниот студ во САД, над 800.000 луѓе без струја, откажани илјадници летови

Поради бранот арктички студ кој во саботата го погоди поголемиот дел од САД, повеќе од 800.000 луѓе останаа без снабдување со електрична енергија, најмалку 16 луѓе загинале во сообраќајни несреќи а илјадници се заробени на аеродромите подари откажаните летови.

Екстремно ниските температури на најстудениот Бадник, според грегоријанскиот календар, ги изложија со голем притисок врз енергетските системи ширум земјата поради големата побарувачка на струјата и за затоплување и оштетувањата на правците за снабдување предизвикани од снежните бури.

Овие нарушувања сосем ги изменија навиките и плановите за празниците на милиони Американци, во периодот од годината кога најмногу се патува. Повеќе од 2.500 летови се откажани во саботата, откако во петокот беа откажани повеќе од 5.000 летови, според апликацијата за следење на летовите FlightAware.

Во сообраќајните несреќи предизвикани од временските непогоди, загинале најмалку 16 луѓе, а илјадници останале заробени на замрзнатите и со снег прекриени коловози, пренесуваат медиумите,

Минеаполис бил најстудената точка во Америка во саботата каде е измерен минус 21 Целзиусов степен. На божикното утро најстудено место ќе биде Фарго во Северна Дакота до минус 30 степени/

Временските услови во САД ќе се ублажуваат од вторник од западот кон истокот на земјата, во висорамнините и централните делови, но на источниот брег нема да затопли сѐ до четвртокот или петокот.

Екстремните временски услови ги натераа властите ширум земјата да отворат центри за греење во библиотеките и полициските станици за да се заштитат бездомниците. Државниот метеоролошки завод објави дека на неговата мапа на моментални и идните метеоролошки опасности има „најмногу предупредувања на зимските услови досега“.