Првата дама на САД, Меланија Трамп, се сомнева дека Роџер Стоун, долгогодишниот сојузник и советник на нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, стои позади објавувањето на голите фотографии од нејзината манекенска кариера.
Have you seen Melania Trump’s @BritishGQ naked cover shoot? https://t.co/ZsIslQiKEz pic.twitter.com/INp2E9peWS
— British GQ (@BritishGQ) April 1, 2016
Стоун за “Guardian“ ги демантирал тврдењата на Бенет. Фотографиите, настанати во 1996-та година, а објавени следната година во француско списание, овојпат се нашле во списанието “New York Post“ кон крајот на јули 2016-та годна, три месеци пред претседателските избори.
„Теоретски Трамп се обидуваше да ја спречи лошата неделна кампања“ – пишува Бенет.
Стоун кон средината на ноември е прогласен за виновен поради пречење во истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малеро и моментално чека на изрекување на пресудата.
На Трамп му се заканува гонење кога ќе ја напушти канцеларијата поради потенцијалните прекршоци меѓу кои и исплатата на порно ѕвездата која тврди дека имала сексуален однос со Трамп дури тој бил во брак со Меланија. Трамп ја демантира аферата, но исплатата е потврдена, а наводно тој бил директно поврзан со тоа.
„Овојпат идејата, Трамп својата гола жена да ја искористи за да го насочи вниманието кон неа е толку многу одвратна, а фотографиите се со лош квалитет што новинарите поминаа многу малку време за да дискутираат за нив. Меланија не кажала што мисли и како тие се појавија во јавноста и насловните страници на таблоидите, но нејзина пријателка вели дека таа и понатаму одбива да поверува дека нејзиниот сопруг го направил тоа“ – вели Бенет.