Поради коронаинфекции одложени три натпревара на Херта

Гермаската фудбалска лига (DFL) објави во петокот дека се одложени три претстојни бундеслигашки натпревари на берлинска Херта поради четири позитивни теста на коронавирусот меѓу играчите и клупските службеници.

На сите играчи, членовите на стручниот штаб и вработените во клубот има е пропишана мерката 14-дневна изолација, поради што е одложено неделното гостување на Харта кај Мајнц, како и дуелите на берлинскиот клуб со Фрајбург на 21-ви април на домашен терен, како и гостувањето кај Шалке на 24-ти април.

„Беше јасно дека вакво нешто може да се случи. Предизвикувачки е, но ќе видиме уште како ќе го прилагодиме распоредот“, изјави во емисијата Bild Live извршниот директор на DFL, Кристијан Зејферт.

Херта со 26 бодови е на 15-то место на табелата и се бори за опстанок во Бундеслигата. Ист број бодови има Арминија Билефилд на 16-то место, а 17-от Келн има 23 бодови. Последниот Шалке со 13 бодови речиси веќе и математички испадна од трката за опстанок. Мајнц е на 14-то место со два бода повеќе од Херта.