Поради кризата и падот на стандардот расте криминалот во британското село

Кражби на стока, возила и горива во селските средини се во пораст поради кризата на животниот стандард во Велика Британија, се тврди во извештајот за руралниот криминал на осигурителната компанија „NFU Mutual“.

Сумата кон барањата за исплати на осигурувањето поради руралниот криминал во периодот од јануари од март бил поголем за повеќе од 40 отсто отколку во 2021 година, извести споменатата осигурителна куќа.

Предупредуваат дека растот на цените на прехранбените производи може да доведе до натамошен раст на кражби на говеда и влегување на контаминирано месо во прехранбените синџири.

Од „NFU Mutual“ сакаат владата да формира национална работна група која ќе се занимава со руралниот криминал. Потпретседателот на компанијата, Дејвид Иксвуд изјавил за BBC дека би требало да биде формирана меѓувладина работна група и да има заеднички пристап, бидејќи тоа ќе „биде од клучна важност доколку сакаме да спречиме натамошно влијание на криминалот врз земјоделските претпријатија, како финансиските така и емотивните“.

Извештајот покажува дека со растот на кражбите може да дојде до колење на животните во нехигиенски услови и натамошна продажба, што би ја загрозило прехранбената безбедност, благосостојбата на животните и здравјето на луѓе. Во 2021 година биле украдени домашни животи во вредност проценета на 2,4 милиони фунти.

Во меѓувреме, податоците за барање на исплати од првата половина од 2022 година покажуваат дека кражбите на горива за повеќе од двојно се зголемиле во споредба со истиот лански период. Анкетата покажала дека 49 отсто од испитаниците сметаат дека кражбата на горива сега е најголемата грижа поврзана со криминалот.

 

Криминалот влијае и на психата на земјоделците

Вкупните трошоци на руралниот криминал минатата година се процените на 40,5 милиони фунти ширум Велика Британија, што е намалување во однос на претходните години и падот во текот на пандемијата на коронавирусот.

Безбедносните мерки, иницијативите за руралниот криминал и будноста на заедницата ја одиграле својата улога во сузбивање на селскиот криминал, покажал извештајот.

Меѓутоа, експертката на „NFU Mutual“ за рурални прашања Ребека Дејвисон изјавила дека годинава кражбите на земјоделските стопанства „брзо добија замав бидејќи криминалците го надоместуваат времето загубено во изминатите две години од пандемијата“, како и дека тоа влијае и на менталното здравје на земјоделците.

„Криминалот на селото го предизвикуваа високите нивоа на анскиозност и нарушувања, при што многу земјоделци и сопственици на куќи во руралните области се чувствуваат ранливи поради нивните изолирани локации. Сознанијата дека крадците го пребаруваат селото во потрага по цели, а се враќаат за да извршат ноќни грабежи, може да доведе до непроспиени ноќи за луѓето во оддалечените области“, вели Дејвисон.