Британскиот рок состав The Rolling Stones ја одложува својата претстојна турнеја по Северна Америка, којашто требаше да започне на 20-ти април, поради лекувањето на нивниот фронтмен Мик Џегер.
„Мразам што ве оставам на овој начин и многу сум разочаран што мораме да ја одложиме турнејата, но се радувам на враќањето на сцената штом ќе можам“, им порача 75-годишниот пејач на своите обожаватели во саботата преку социјалните мрежи.
Портпаролот на легендарните „Камења“ на Twitter фановите ги извести дека по лекувањето „очекува целосно закрепнување на Џегер“, но не појасни каква е здравствената состојба на пејачот. „Лекарите на Мик Џегер му советуваа овојпат да ја одложи турнејата поради лекување“, додава.
Северноамериканскиот дел од турнејата на групата, под наслов „No Filter“, требаше да започне на 20-ти април со концертот во Мајами и да трае до 29-ти јуни.