![mickoski-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/mickoski-750x430.jpg?resize=640%2C419&ssl=1)
Сериозна е опасноста од паѓање на системот и од рестрикциите, цените на берзите повторувам колку стотини евра од мегават на саат се, ќе ве потсетам. Она што го произведува ЕЛЕМ поранешно, сегашно ЕСМ и го продава не е за 37 евра и на тој начин се чува социјален мир во Македонија во овој момент, за да се спаси политичката кариера на Зоран Заев уште некој ден, и малкумината коишто се околу него. Додека цените на електричната енергија, на струјата на берзите се качени, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во вестите на Сител телевизија.
– Големо ќе биде поскапувањето, не можам да предвидам со бројки, но не би се зачудил да биде двојна – укажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дека поради неодговорното однесување на власта, цената на електричната енергија ќе се качи.
– Неодговорно се однесуваа кон енергетскиот сектор, не правеа навреме ремонти, тендерите за ископ и уредување на рудниците во РЕК Битола ги користеа за да ангажираат свои фирми – појасни Мицкоски.
Мицкоски рече дека не би го зачудило сметка од 2.000 да стане околу 3.000 или 4.000 денари.
– Можно е и од први декември веќе да има покачување на сметките за електрична енергија, бидејќи состојбата е доста сериозна. Рудникот во РЕК Битола од ден за ден работи, евентуално час за час се копа јаглен, а пропадна тендерот за јаглен – рече Мицкоски.