Поради несогласувања откажана средбата за нови мерки во Германија

Планираниот состаник на сојузната и покраинските влади за натаошните мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот во Германија, кој беше планиран за понеделникот, откако без закажување нов термин, соопшти владата во Берлин во петокот.

„Планираното советување за натамошната постапка во бробрата против ширењето на коронавирусот, планирано за 12-ти април, е откажано“, изјави портпаролката на германската влада, Улрике Демер. Додаде дека засега не е планиран нов термин за состанокот.

Во заднината на откажувањето на конференцијата на канцеларката Ангела Меркел со премиерите на германските сојузни покраини е несогласувањето околу дополнителмите мерки и пристапот во борбата против ширењето на коронавирусот. Поради тоа е неколку премиери на сојузните покраини изразија скепса околу целисходноста на состаникот на палнираниот состанок за понеделник, имајќи предвид дека, според нивното мислење, е невозожен договор околу единствените мерки.

Сојузната и покраинските власти истовремено постигнале согласност околу промените на законот за заштита од заразата кои на сојузните власти би им дале поголеми овластувања во спроведувањето на мерките и во самите сојузни покраини.

Во заднината на промените на законот е незадоволството на сојузните власти на чело со канцеларката Ангела Меркел од фактот на локално ниво во многу случаи не ги спроведуваат мерките меѓу сојузните и покраинските влади, а кои се однесуваат на воведувањето построги мерки на „затворањње“ во случајот на порастот на седумдневната инциденцата над вредноста од 100 на сто илјади жители.

Како што пренесуваат медиумите, сојузните и покраинските власти се за промена на законот добиле поддршка од повеќето парламентарни пратенички групи, коишто, исто така, се залагаат за поединствени воведувања на мерките на територијата на целата земја.

Претседателот на Бундестагот (германскиот парламент), Волфганг Шојбле, изјави дека доколку биде постигнат договор, можна е брза одлука на парламентот за промена на законот.

Министерот за здравство Јенс Шпан уште еднаш укажа на тоа дека Германија се наоѓања во третиот пандемиски бран, како и дека се неопходни дополнителни напори за да се запре растот на бројот новозаразени. Ги поддржа канцеларката Меркел и повеќето премиери на сојузните покраини за воведување на краткотраен но „тврд локдаун“.