Поради невремето, во 89 училишта во Банат нема настава во последните два работни дена, изјави денеска Станиша Бањанин, началник на школската управа на Зрењанин и изрази очекување дека од утре наставата ќе се одвива според планот.
Како што изјави Бањанин, поради лошото време настава немало во 69 средни и 20 основни училишта во таа област.
„Сите училишта на територијата на Зрењанин ја почитуваа одлуката на Штабот за вонредни ситуации и настава нигде не се одржуваше ниту во саботата ниту денеска, а не работат ниту претшколските установи. Поголеми оштетувања на школите нема, освен кога ветарот ги отворал прозорците и внесувал смет,“ изјави Бањанин.
Тој наведе дека во школите ќе биде постигнат договор за тоа кога и како ќе бидат надоместени овие два работни дена. Штабот за вонредни ситуации во Зрењанин одлучи да се укине вонредната ситуација па од утре ќе започне редовната настава во тој град.