Воздухопловните компании откажале повеќе од 5.600 летови во текот на викендот во кој се одбележува Божик по грегоријанскиот календар, додека доцнат илјади други летови ово светот поради ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот.
Според интернет страницата Flightaware во саботата во 13,40 часот по средноевропско време имало близу 2.500 откажани летови, одфо кои малку повеќе од 850 во и од САД, меѓународни или внатрешни врски. Во светот севкупно доцнеле повеќе од 3.500 летови.
Претходно во петокот беа откажани околу 2.400 летови, а 11.000 летови доцнеле според истиот извор, кој за недела предвидува 800 откажани летови.
Големите воздухопловни компании германската „Lufthansa“, како и американските „Delta“ и „United Airlines“ морале да откажат летови откако пилоти, стујардеси и други членови на кабинскиот персонал биле изложени на коронавирусот.
„Големиот број на заразените со омикров варијантата на коронавирусот ширум светот, се одрази и на здравствената состојба на воздухопловните екипажи и на лицата кои ги водат нашите операции“, објаснуваат од компанијата „United Airlines“ и додаваат од дека бараат решенија за патниците.
Компанијата „Delta Air Lines“ откажала 280 летови во саботата и 170 во петокот, според податоците на Flightaware.
Кинеските воздухопловни компании имаат најголем удел во откажаните летови. Така „China Eastern“ откажала околу 540 летови или повеќе од четвртина под планираните, додека „Air China“ откажала 264 летови, исто така околу четвртина од предвидените.
Според процените на American Automobile Association, повеќе од 109 милиони Американци имале намера да патуваат со авион, воз или автомобил во периодот од 23-ти декември и 2-ри јануари, или за 34 отсто повеќе отколку минатата 2019 година.
Овие нарушувања, за среќа, не го пореметија патувањето на Дедо Мраз кој веќе 63 години детално го следи Северноамериканската команда на воздугопловата одбрана (NORAD) и наведува дека тој веќе поделил две милијарди подароци и попладнето се наоѓа над Пакистан.