Светската рекордерка во трискок, Венецуелката Јулимар Рохас, на Светското атлетско првенство коешто од средината на јули ќе се одржи во Јуџин во американската сојузна држава Орегон, нема да се натпреварува во дисциплината скок во далечина, откако нејзината квалификациска норма од 6,93 метри е прогласена за неважечка поради „неодобрени“ патики.
Двојната светска првенка во трискок ја натфрли квалификациската норма во скок во далечина на атлетскиот митинг во мексиканска Гвадалахара, но според Светската атлетска федерација носела патики за трискок, кои не се дозволени на натпреварувањата во скок во далечина.
„Рохас имаше намера да се натпреварува во скок во далечина по ова натпреварување, со одобрени патики, за да се квалификува на Светското атлетско првенство во Орегон 2022, но повредата ја спречи во тоа“, се наведува во соопштението на Федерацијата.
Одобрената граница за дебелината на ѓонот за скок во далечина е 20 милиметри, додека за трискок изнесува 25 милиметри.
„Знаеме дека ова претставува разочарување за Јилмар Рохас и нејзините обожаватели, но многу сме радосни што ќе ја гледаме госпоѓата Рохас како се натпреварува во трискок на Светското првенство во Орегон 2022 и да успее да се квалификува во двете дисциплини следната година на Светското атлетско првенство во Будимпешта 2023“, додаваат од Светската атлетска федерација.