Поради присуство на афлатоксин М1, Стокомак го повлекува млекото Милкано

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2 отсот, поради присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04.

Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.

Маркетот Стокомак на својата официјална фејсбук страница во неделата објави соопштение по повод повлеквуањето на споменатиот производ.

Имено, Стокомак ги известува сите свои купувачи дека од се повлекува производот Milkano UHT Млеко 3.2% масленост, 1л LOT FD04 со дата на производство на 05.10.2022. Нивната целосна објава може да ја прочитате во продолжение: