Големите количества снег во јужна Германија ги принудија во саботата воздухопловните компании во најголемиот баварски аеродром да откаќуваат многи летови.
Досега се откажани најмалку 120 летови на минхенскиот аеродром, соопшти портпаролката. Покрај тоа, има и многу доцнење, и најмалку 70 летови доцнење по еден час и повеќе.
Според портпаролката, бројот на одложените летови може да се зголеми во текот на денот. За саботата предвидени биле 850 полетувања.
Минхенскиот аеродром е втор по големина во Германија, по аеродромот во Франкфурт.