3.8 C
Skopje
среда, декември 25, 2024

Поради загаденоста на воздухот и ковид-19, бремените жени треба да се ослободат од работа

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид, апелирам бремените жени да се ослободат од работа и во приватен и во државен сектор. Вчера истото предложив да се случи со хронично болните чие здравје е под ризик, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Бројот на починати и на заразени на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, затоа мора бремените жени да ги заштитиме од овој ризик.

Наместо политиканство на Владата, мешетарење и нарачани теми потребни се одлуки.

Да спасиме живот“ – порача тој!