Поради земјотресот во Хрватска, превентивно запрена словенечката нуклеарка Кршко

Силниот земјотрес кој ја погоди во вторникот околу пладне Хрватска се почувствувал и на поголем дел од територијата на соседна Словенија и поради тоа превентивно е запрена работата на нуклеарната централа Кршко.

Земјотресот со магнитуда од 6,2 степени по Рихтер во 12,20 часот ја погоди областа на градот Петриња, на 45 километри од главниот град Загреб и ја затресе цела Хрватска. Земјотресот е значително почувствуван и во соседните Босна и Херцеговина и Словенија.

Словенечката нуклеарна централа Кршко, на речиси самата граница со Хрватска, е запрена според вообичаената постапка во случај на поголеми природни несреќи, соопштија од управата.

Оваа нуклеарка е градена непречено да работи за време на земјотресо со магнитуда од најмалку 5 и безбедносно исклучување при најмалку 7, односно да биде отпорна на многу посилни земјотреси од оние кои досега се забележани во регионот.

Со подобрувањата, во кои учествуваа и словенечките недоврливи соседи Италија и Австрија, Кршко сега би издражала потрес со магнитуда 8, според словенечките експерти.

Тоа значи дека нејзината конструкција би го издржала земјотресот од 7,9 степени, колку што бил најразорниот подземен удар на областа на денешна Словенија а се случил во околината на Идрија во 1511 година. Во близина на Кршко во историјата е регистриран уште еден силен земјотрес, кај Брежице во 1917 година со магнитуда од 5,7.

Противземјотресната безбедност на Кршко дополнително била зајакната по катастрофата на нуклеарката во јапонска Фукушима од 211 година со магнитуда 9, и во случај на земјотрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарна постројка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.