падните медиуми, тој важеше за еден од највлијателните луѓе на рускиот медиумски пазар. Учествуваше во создавањето на рускиот државен канал за странство „Раша Тудеј“ кој во САД се третира како антиамериканско (и антизападно) гласило за потребите на Кремљ.
Подоцна, Лесин беше поставен за директор на моќната холдинг компанија „Газпром-медија“ и на таа функција остана до минатата година.
Лани тој беше обвинет дека се обидувал да натера една руска радио станица, во која бил акционер, да не објавува интервју со опозицискиот политичар Алексеј Навални.
Американските медиуми потсетуваат дека во 2014 година, сенаторот Роџер Викер побарал од Министерството за правда во Вашингтон да покрене истрага за богатството на Лисин, означувајќи го како „сомнително“.
Во писмото до Министерството, сенаторот Викер напишал дека купувањето имот во Лос Анџелес, за 28 милиони долари „покренува многу прашања“ за Лисин и за тоа како дошол до парите.
Имотот е купен откако завршила неговата работа како државен функционер, но Викер барал истрага, прашувајќи како е можно еден човек кој работел во јавниот сектор, да има толку многу пари за да купи скапа куќа за себе и семејството во САД.