Поранешен новинар и уредник во Македонското радио е прогласен за соработник на тајните служби, информираше денеска претседателот на Комисијата за верификација на факти, Томе Аџиев.
„Бил поранешен новинар и уредник одреден период во Македонското радио и давал информации до тајните служби за своите колеги новинари. Нив ги прател од идеолошко- политички побуди им давал информации на тајните служби“, истакна Аџиев.
Членот на комисијата Чедо Дамјановски, смета дека комисијата нема мандат да лустрира, да прогласи за соработник, или не, согласно Законот, член 39 став 2, дека мандатот престанал со истекот на времето за кое членовите се избрани.