Цветанка Ласкова, познатата фолк-пејачка и некогашна советничка за култура на поранешниот премиер Зоран Заев ќе добие близу 5.000 евра, односно 300.000 денари државна помош за нејзиниот јубилеен концерт за 50 години кариера. Иако со години не е присутна на естрадата, таа беше доста присутна во политиката цо последните години.
Ласкова беше на чело на Форумот на жени на СДСМ. Во 2018 година се дозна дека нејзината снаа од син добила грант од 330.000 евра од Фондот за иновации и технолошки развој. Грантот бил доделен за проектот „Декодирај ме“.
Во тоа време Ласкова уште беше советничка на Заев, па Основното јавно обвинителство оформи предмет за евентуалните злоупотреби по допрен глас за случајот. Таа беше разрешена од Форумот на жени во 2019 година.
Наредната година во интервју за Женски магазин таа изјави дека нејзината снаа не ги добила 330 илјадите евра, а лично таа, немала допирна точка со проектот.