Поранешни шефови на операторот со нуклеарката Фукушима мора да платат 95 милијарди долари отштета

Во „Фукушима 1“ откриен моќен извор на радиоактивно зрачење
Во „Фукушима 1“ откриен моќен извор на радиоактивно зрачење

Суд во јапонската престолнина Токио им наложи во средата на поранешните шефови на операторот со нуклеарната централа „Фукушима Даичи“ да плата околу 13 билиони јени, односно 94,48 милијарди американски долари отштета поради катастрофата во 20211 година, пренесуваат медиумите.

Четворица поранешни шефови на компанијата „Tokyo Electric Power Company“ (TEPCO) добија налог да ја платат отштета според тужбата којашто ја покренаа акционерите поради нуклеарната катастрофа предизвикана од гигантското цунами во март 2011 година како последица од земјотресот со магнитуда 9 по Рихтер.

Во средата акционерите излегле од судот во Токио држејќи транспарентни на кои пишувало „акционерите победуваат“ и „препознаена е одговорноста“.

„Мора да се издадат предупредувања дека, доколку донесете погрешни одлуки или згрешите, тоа мора да го компензирате со сопствени пари. Можеби ќе мора да ја продадете својата куќа. Можеби ќе мора да ги минете своите пензионерски години во беда. Во Јапонија ништо не може да биде решено, ниту може да има напредок без лична одговорност“, изјави за медиумите Хиројуки Каваи, адвокат кој ги застапува акционерите уште на прес-конференцијата во 2012 година.

Акционерите тврдеа дека катастрофата можело да биде спречена доколку шефовите на TEPCO обратиле внимание на истражувањата и спровеле превентивни мерки, како поставување кризен извор за напојување на повисок терен.

Студиите кои акционерите ги изнеле не биле веродостојни, а ризиците не можело да бидат предвидени, возвратија тужените.

„Повторно го изразуваме нашето искрено извинување на луѓето во Фукушима и членовите на заедницата воопшто, поради предизвикување проблеми и незгоди“ во врска со катастрофата“, изјавил за AFP портпаролот TEPCO. Меѓутоа, компанијата одбила да ја коментира пресудата и али ќе вложи жалба.

Три од шесте реактори на нуклеарната електроцентрала „Фукушима Даичи“ работеле кога силниот подморски земјотрес го предизвика разорното цунами на 11-ти март 2011 година. Се истопиле откако системите за разладување откажале кога брановите ги поплавиле помошните генератори.

Тоа беше најголемата позната нуклеарна катастрофа по украински Чернобил од 1986 година, и беше прогласена зона на евакуацијата околу централата за десетици илјади жители на Фукушима.

Околу 12 отсто од префектурата Фукушима своевремено беа прогласени за простор небезбеден за живот, но забранетата зона сега покрива околу 2 отсто од регионот, иако бројот на жителите во многу меса сѐ уште е многу помал отколку пред катастрофата.

Компанијата TEPCO ја тужеа и преживеаните во катастрофата, покрај акционерите, а годинава и шест тужители поради тврдењето дека развиле рак на тироидната жлезда поради изложеност на зрачењето.

Судот во 2019 година ослободи од тужбите тројца поранешни функционери TEPCO во единствениот кривичен процес кој произлезе директно од катастрофата. Им се закануваа пет години затвор поради професионална негрижа, но судот пресуди дека не можеле да ги предвидат димензиите на цунамито кој ја предизвика катастрофата.

Операторот TEPCO е вклучена во децениските напори постројките да бидат ставени надвор од функција, што е многу скап и тежок процес.