Кишида и министрите јадеа риба од Фукушима

Јапонската влада објави видео од премиерот Фуми Кишида како јаде риба од Фукушима, на промоцијата на производи од областа околу нуклеарната централ која во океанот почна да испушта прочистена радиоктивна вода од уништените реактори.

Во видеото на социјалните мрежи, Кишида и тројцата министри јадат риба, свинско месо, ориз, зеленчук и овошје од Фукушима.

„Многу вкусно“, рече Кишида пред камерата откако јадеше сашими и ги повика луѓето да ја јадат „безбедната и вкусна“ јапонска морска храна.

Јапонија минатата недела почна во океанот да испушта прочистена вода од централата Фукушима, уништена во цунамито во 2011 година.