Поранешниот британски премиер Мејџор остро ја критикува серијата „Круна“

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор жестоко ја критикуваше серијата „Круна“ на Netflix, чијашто петта сезона треба да почне да се прикажува на 9-ти ноември, нарекувајќи ја „купишта лаги“.

Биографите на британското кралско семејство и коментаторите веќе претходно остро ја критикуваа новата сезона од серијата, којашто ќе започне да се емитува два месеца по смртта на кралицата Елизабета Втора.

На новите епизоди им се забележува дека содржат низа невистини и дека му штетат на угледот на тогашниот принц од Велс а сега британскиот крал Чарлс Втори.

Како што пишуваат британските медиуми, петтата сезона ќе говори за Чарлс, додека сѐ уште бил принц од Велс, кој кова заговор за да ја отстрани кралицата од тронот. Медиумите претпоставуваат дека тие ќе вклучуваат и разговори во кои Чарлс го поттикнува Џон Мејџор да ја натера наговата мајка да абдицира.

Кабинетот на поранешниот премиер од редовите на Ториевците, кој на власт беше од 1990 до 1997 година, објави соопштение во коешто се истакнува дека станува збор за „чисти измислици“.

„Сир Џон и принцот од Велс никогаш не разговарале за абдикација на кралицата Елизабета Втора…. (Мејџор) никогаш и ниту на еден начин не соработуваше со ‘Круна’. Никој не му се обрати за проверка на фактите во сценариото“ на серијата, се наведува во соопштението.

Доколку сцените навистина бидат такви какви што ги опишуваат медиумите, „треба да бидат следени исклучително како штетна и злонамерна измислица“. Тоа ќе биде „купишта измислици кои се пренесуваат поради драматизирање, што е целосна невистина“, се додава во соопштението.

Продуцентите на серијата ја отфрлаат таквата критика дека и истакнуваат дека серијата „секогаш ја најавувале како фикција втемелена на историски настани“.